Мајк Тајсон развива нов бизнис – канабис одморалиште со површина од 40 акри во Калифорнија


Мајк Тајсон е најновата позната личност што влегува на марихуана пазарот што постојано се шири, со амбициозни планови да отвори луксузен центар во Калифорнија, каде што одгледувачите и гостите ќе можат да консумираат канабис во мир. Овој поранешен боксер вели дека почнал да пуши канабис на возраст од 10 години.

51-годишниот Тајсон, неодамна објавил дека „канабис одморалиштето“ со површина од 40 акри ќе биде лоцирано во градот Калифорнија, град во пустината Мохаве само два часа надвор од Лос Анџелес. Одморалиштето на Тајсон ќе произведува квалитетни THC и CBD производи, истовремено поддржувајќи ги истражувањата за здравствените придобивки од канабисот. Наводно, одморалиштето ќе посветува 20 хектари земјиште на одгледување на марихуана, овозможувајќи „најпрофесионалните одгледувачи да имаат максимална контрола врз животната средина“. Исто така, ќе има „Култивациска школа на Тајсон“ (Tyson Cultivation School) за да ги обучи одгледувачите да ги усовршат сопствените видови. Како и за посетителите, одморалиштето на Тајсон ќе вклучува фабрика за канабис прехранбени производи (edibles), амфитеатар за забава и премиум кампови и кабини за глампинг. Тајсон се надева дека ќе ја изгради својата сопствена марихуана империја.

Мајк Тајсон е домаќин на музичкиот фестивал за канабис „The Kind Music Festival“ во 2019.

ИЗВОР


Видете следно

Најголемо зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е во секторот Финансиски дејности и дејности на осигурување

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, …