Мајката на Пино објави пораки од осомничената Ангела


Мајката на Пино Секондо, момчето по кое со месеци се трагаше и се водеше за исчезнато, па беше пронајдено мртво, вели дека ќе бара правда за она што се случило на нејзиното дете.

На 29.04.2019 година во Единицата за известување и команда при СВР Скопје од страна на граѓанин пријавено е дека на место викано Башинец во атарот на село Љуботен пронајден е човечки скелет покриен со камења. По преземени оперативно тактички мерки дојдено е до сознание дека извршители се наведените лица, по што е добиена Наредба за претрес во дом и други простории од Основно јавно обвинителство Скопје и извршен е претрес во домовите на пријавените како и на уште две лица, роднини на првопријавениот. Во домот на првопријавениот пронајдени се СИМ картици, лични документи, мобилен телефон, УСБ, мемориска картица, една фантомка и возило Опел Аскона. По Ф.А. распишан е централен распис. На 30.05.2019 година второпријавената А.Ѓ. е лишена од слобода во просториите на СВР Скопје, се наведува во соопштението од МВР.

 


Видете следно

Заев бил сниман од Александар Верушевски на ручек во Струмица во 2016

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, денеска одговорајќи на новинарско прашање кој го снимал на еден …