Мајкрософт: Русија е на прво место во светот по извршени кибер напади


Русија е одговорна за повеќето кибер напади против земји ширум светот. По неа следат Иран, Северна Кореја и Кина, се наведува во новиот извештај на „Мајкрософт” пренесува „Бизнис инсајдер”.

Хакери поддржани од Владата на Русија се најактивни во извршувањето на кибер напади ширум светот, соопшти технолошкиот гигант во својот прв Извештај за дигитална одбрана.

Долгиот извештај ги опфаќа актуелните трендови во кибер безбедноста и открива дека Русија е одговорна за повеќе од половина од хакерските напади, а Иран е на втора позиција со само 25 отсто..

Напаѓани се главно политички организации, новинари, а во 2020 година и голем број организации вклучени во борбата против коронавирусот, вклучително и истражување на вакцините.

Мајкрософт проучил 16 државни актери.

Руската влада постојано е идентификувана како главен играч во меѓународната кибер војна.

Во 2016 година, руски хакери успешно се инфилтрираа во кампањата на Хилари Клинтон и Националната конвенција на Демократската партија, што доведе до огромно протекување на внатрешни мејлови. Во 2019 година, специјалниот обвинител Роберт Мулер објави дека Русија веќе се обидува да се меша во претседателските избори во 2020 година.

Мајкрософт внимателно ги следи изборите од 2018 година како дел од Иницијативата за заштита на демократијата, предупредувајќи ги демократите и републиканците за потенцијални хакерски напади, а исто така работи и на обезбедување технологија за гласање.

Компанијата објавува „Извештај за дигитална одбрана, што претставува уште една иницијатива на Мајкрософт за следење на кибер безбедноста. ссм/

Вашингтон, 2 октомври 2020 (МИА)


Видете следно

Рокот за поднесување на ДДВ 04 продолжен до 29 јануари

Од УЈП ги известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 …