Макао ја надмина Швајцарија по БДП по глава на жител


Кинеската автономна територија Макао ја надмина Швајцарија по волумен на БДП по глава на жител, пишува британскиот весник The Financial Times (FT). Според статистиката на Светската банка (СБ) поранешната португалска колонија ја зазеде четвртата позиција во светот на овој индикатор.

Во 2013 година БДП-то во Макао достигна 91,4 илјади долари. На овој начин, регионот се нареди веднаш по Луксембург, Норвешка и Катар. Швајцарија отиде на 4-то место со 80,5 илјади долари БДП. Во Народна Република Кина (НР) БДП-то по глава на жител е многу пониско – 6,8 илјади долари.

Во споредба со 2012 година БДП-то на Макао се зголеми за цели 18%. Растот е осигурен претежно за сметка на приходите од казината и приливот на туристи, како кинески, така и странски.

Откако во 1999 година Макао влезе во состав на НР, и нејзината економија е зголемена со цели 557%. Ова е единственото место во Кина, каде што се дозволени казината.

Во 2013 година приходите на Макао од коцкање достигнале 45 милијарди долари, што е 7 пати повеќе од оние во Лас Вегас.

 



Видете следно

Пендаровски: Јас сум длабоко уверен дека само ако работиме заедно – ќе успееме!

Обраќање до јавноста на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски Почитувани граѓани, Ви се обраќам …