МАКЕДОНЕЦ добил БИЗНИС ИДЕЈА од ИНТЕРНЕТ и денес заработува по 7.000€


Горан Стојаноски од Прилеп со овој бизнис започнал да се занимава пред само неколку години, а откако ја изградил својата фарма за одгледување тој заработува и до 7.000 евра на годишно ниво, пишува vrabotuvanje.com.mk.

Се работи за бизнис за одгледување на полжави, а оваа идеја ја добил преку неговите истражувања кои ги направил на интернет. Како што вели тој за порталот Фактор.мк, со овој бизнис првично започнал пред 7 години, на својата 22 годишна возраст. Идејата ја добил преку интернет, а во прилог му одело и тоа што во село Галичани веќе била отворена првата фарма за полжави во прилепско, па така тој поразгоравал и земал по некој совет од сопственикот.

Како што кажува Горан, бизнисот со одлегување на полжави не е премногу лесен, но носи сериозна заработка. “Како и секоја друга дејност, и одгледувањето на полжави бара напор и труд бидејќи се работи за нешто што не е вообичаено за нашите простори. Меѓутоа, денес преку интернет се е полесно па така можете да научите доста работи и од таму. Јас идејата ја добив од таму, а учев од различни веб страници, книги на друг јазик и слично“, вели тој.

zarabotka2

За да успеете во овој бизнис потребно е да бидете истрајни на долг рок. Јас успеав благодарејќи и на мојата посветеност и долготрајните секојдневни анализи кои ги правев околу растот и развојот на полжавите.

Тој додава дека откуп за полжавите имало без проблем, но проблемот бил во начинот на одгледување и производство. Зависно од моделот на производство, може да се заработат околку 7.000 евра на 5 декари површина.

“Моето лично мислење е дека има профит во оваа дејност. Се поголем е бројот на луѓето кои се заинтересирани за започнување на овој бизнис – тоа го докажуваат и бројните пораки на мојата фејсбук од луѓе кои бараат подмладок.


Видете следно

Шест стручни комисии одлучија 180 проекти да не добијат никаква подршка од Град Скопје

Град Скопје ги објави добитниците на Конкурсот за финансирање на манифестации, проекти и творештво на …