Македонија доживува туристички бум: Зголемени бројот на туристите и бројот на ноќевањата за 18.7 %


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во март 2018 година изнесува 53 836, а бројот на ноќевањата изнесува 108 638.

Бројот на туристите во март 2018 година, во однос на март 2017 година, е зголемен за 25.1 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 18.7 %.

Бројот на домашните туристи во март 2018 година, во однос на март 2017 година, е зголемен за 18.5 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 28.4 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2018 година, во однос на март 2017 година, е зголемен за 3.6 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 28.5 %.

Во периодот јануари – март 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 17.3 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 10.1 %, а кај странските има зголемување за 21.5.%.

Видете следно

Николовски: Со порибувањето создаваме услови за зачувување и заштита на автохтоните видови риби во речните води

Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство започнува со порибување на риболовните води во земјава, кои …