Македонија е 36-та најдобра земја во светот за водење бизнис


Угледниот американски економски магазин “Форбс“ ја позиционираше земјава на 36-то место според можностите за водење бизнис, во конкуренција од 145 земји.

Според нив, по осамостојувањето во 1991-та година, Македонија беше најмалку развиена од сите поранешни југословенски републики, а недостатокот од инфраструктура и грчкото ембарго го попречуваше економскиот раст на земјава до 1996-тата година.

Во почетокот на глобалната економска криза, Македонија доживеа пад на странските директни инвестиции, намалена кредитна достапност и голем трговски дефицит. Сепак, како резултат на конзервативна фискална политика и цврстиот финансиска систем, во 2010-тата година земјата го подобри кредитниот рејтинг и го претвори во ББ +, кој беше задржан на тоа ниво во 2011-тата година.

Само Словенија е во подобра позиција од Македонија и се наоѓа на 17-тото место. Веднаш пред нас е Литванија со 35-то место, а Италија после нас со 37 место. Од другите соседни земји, Бугарија е на 42-ра позиција, на 44-тa е Црна Гора, 45-тa е Хрватска и на 46-тa е нашиот јужен сосед Грција.



Видете следно

Димковски: Со конкретни мерки ги поддржуваме малите производители на традиционални земјоделски производи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска присуствуваше на отворањето на прв „Слоуфуд …