Breaking News

„Македонија виа Италија“ – фотографска изложба на Влатко Рафески


Во Културно-информативниот центар во Скопје вечер од 20 часот ќе биде отворена изложба на фотографии од Влатко Рафески, насловена „Македонија виа Италија“. Ќе бидат претставени 20 фотографии во голем формат со најубавите планински пејзажи од Македонија и ОД италијанските Доломити.


Влатко Рафески (1980, Скопје) повеќе од 12 години се занимава со пејзажна фотографија и, како што наведува КИЦ во најавата, „со пејзажите е вистински амбасадор на убавините на природата, посебно на убавините на Македонија“.


-Но низ неговиот објектив имаат поминато и голем број пејзажи од други земји. Во неговото портфолио се голем број признанија од земјава и од надвор, како и учества на бројни фотографски манифестации, светски конкурси на фотографија, групни изложби, вебинари и предавања, фестивали и друго, соопшти организаторот.

Изложбата „Македонија виа Италија“ за посетители ќе биде отворена до 15 мај. хс/са/


Скопје, 3 мај 2023 (МИА)