Македонска компанија прави “паметен” бојлер


Првиот “паметен” бојлер во светот ќе биде произведен од македонската компанија “Леов”. Ова значи дека не ви е потребен човек дома, за да се уклучи бојлерот, бидејќи тоа ќе може да се прави преку мобилен телефон, за кој е направена посебна апликација. Бојлерот ќе биде пуштен на македонскиот пазар во септември.

Од компанијата објаснуваат дека идејата им дошла уште со појавата на паметните телефони и истакнуваат дека ова е целосно македонски производ.
Според креаторите на бојлерот, тој ќе помогне многу во бурниот живот, кога ретко има луѓе дома. “Секој може лесно да го користи, а известувањето дека бојлер е вклучен, ќе го добива секој член на семејството кој ја има истата апликација на телефонот”, објасни генералниот менаџер на компанијата Златко Леов.

Така паметниот бојлер ќе заштедува до 40% електрична енергија за разлика од старите бојлери. Покрај тоа тој ќе има четири дополнителни заштити – од бактерии, смрзнување, од греење на суво и сам ќе детектира грешки во сензорот.

 

 



Видете следно

Димковски: Со конкретни мерки ги поддржуваме малите производители на традиционални земјоделски производи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска присуствуваше на отворањето на прв „Слоуфуд …