Mакедонската берза за дојдовен туризам годинава на интернет платформата


Во отсуство на саеми за туризам, за разлика од претходните години, петтата по ред македонската берза за дојдовен туризам ќе се оддржи на интернет платформата mtb.org.mk, велат од Националната асоцијација за дојдовен туризам на Македонија, кои се воедно и организатори.

Виртуелниот настан ќе се оддржи на 25-ти и 26 февруари, а може да учествуваат сите тур-оператори/туристички агенции кои работат во доменот на дојдовниот туризам, хотели, ресторани, превозници и туристички атракции. Тие ќе може да ги промовираат своите услуги и производи пред странските тур оператори, да разговараат со нив и да стекнат нови контакти кои ќе им помогнат во натамошна соработка.

Оваа година настанот нема да се разликува по обем, туку само по начинот на реализација. Организаторите се задоволни од досегашната заинтересираност за што говори големиот број на пристигнати апликациии за приклучување кон берзата. Учесниците ќе ги слушнат новите глобални трендови презентирани од светски експерти и ќе се запознаат со нови потенцијални соработници.

– Нашата платформа нуди можност да ги промовираме нивните понуди пред странските тур оператори, да закажуваат состаноци со нив, да разменуваат контакти и мислења и да слушаат предавања од врвни светски ескепрти кои ќе зборуваат за она што може да го очекуваме во иднина, вели Влатко Сулев кој е претседател на НАИТМ.

На платформата, што веќе е активна и ги очекува останатите апликации, може да се забележат шест потврдени врвни имиња кои ќе имаат предавања. Дел од нив се Френк Мар – специјалиство дигиталната сфера, Тине Мурн – основач на „Мајнбранд УК”, Марлон Ван Хее- експерт за туризам, тренер за извозен туризам и проект менаџер.

-Берзата ќе трае два дена, но контактите и стекнатото знаење ќе останат многу подолго. Ние, како организатори, успеавме да договориме голем број реномирани имиња кои ќе ни го пренесат нивното знаење со цел да бидеме во тек со актуелните случувања во туризмот. Од друга страна пак, успеавме да изградиме одчична база на странски компании од туристичкиот сектор кои ќе бидат присутни на самиот настан. Ова е одлична можност за сите да го промовираат она во што се најдобри, додава Сулев.

Платформата ќе функционира и по завршувањето на берзата, а регистрираните компании ќе добиваат нови информации од сферата на туризмот. мч/дма/

Скопје, 22 февруари 2021 (МИА)


Видете следно

Глобален турнир за најдобрите светски програмери и ИТ професионалци за cloud, data и AI

Во тек е пријвувањето за C3 Cloud Skills Cup И годинава најдобрите програмери и IT …