Македонски концепт ја поддржува владината политика на рамен данок на личен доход


Денес Македонија е пред избор на старо новата Влада на мандатарот Зоран Заев. Влада 2020 – 2022. Од предложеното експозе и програмата за работа има што да се критикува, но и да се поддржи. Македонски концепт ја поздравува владината програма со која се залагаат за продолжување на примената на наплата на рамен данок на личен доход која стапи на сила од 1 ноември 2019 година.

“Само рамен и низок данок е правичен и стимулира економски раст, мобилизира приватна иницијатива и го негува претприемништвото кај граѓаните. Имате поддршка да продолжите со таа политика”, вели Петар Богојески од Македонски концепт.

Обидот на Заев да и се допадне на т.н. Левица и ветување за повторно враќање кон погрешните политики со воспоставување на прогресивен данок во иднина е целосно погрешно, не заслужува поддршка и ќе биде предмет на силна критика од наша страна, додава Богојески.

На Македонија и се потребни стабилни, силни и одлучни реформи кои ќе бидат клучен столб за поддршка на домашната економија, особено малите и средни бизниси. Секое размислување за повторно враќање на прогресивниот данок е експериментирање со иднината на државата.


Видете следно

Директорката на ММФ ги повика владите во светот да трошат што е можно повеќе

Креаторите на политики ширум светот треба желно да прифаќаат зголемување на трошоците за да помогнат …