Македонскиот документарен филм „Медена земја“ се здоби со две номинации за Оскар


Македонскиот документарен филм „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов се здоби со две номинации за Оскар, за најдобар документарец и за најдобар странски филм. Ова е првиот македонски филм со две номинации за Оскар.

Во категоријата најдобар документарец, филмот беше меѓу 15 селектирани од 159 квалификувани, а во категоријата за најдобар интернационален филм беше во потесниот избор во кој влегоа десет наслови од 91 филмови.

Церемонијата на доделување на престижната награда која ќе се одржи на 9 февруари.


Видете следно

Деспотовски: Направивме целосен пресврт во економската политика со фокус на домашните компании

Директорот на Фонд за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски беше во посетата на компанијата …