Македонскиот претседател го покри „бивша Југословенска“ со лист хартија на конференцијата во Катовице, Полска


Претседателот Ѓорѓе Иванов на конференцијата во Катовице, Полска со лист хартија го покри делот „Бивша Југословенска“ од името на Република Македонија, пренесува Експрес.мк

Со оглед на тоа дека организатор на Самитот за климатските промени во Катовице се Обединети нации, каде што земјата што ја претставува тој е примена под привремена референца, по „диверзијата“ врз табличката со англиската верзија со покривање на „Поранешна југословенска…“ Иванов е овековечен зад натпис со уставното име.

Со Спогодбата, како што наведе македонскиот претседател, „ќе се преименуваат институциите, ќе се цензурира содржината на учебниците на нашите деца, ќе се спречува правото на граѓаните да го изразуваат својот македонски идентитет“.


Видете следно

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно се пониски на месечно ниво за 0.1 %

Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2018 година, продажните цени на производителите …