Македонските ИКТ компании на саемот IBC во Амстердам


Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија, согласно Планот за активности за 2019 година во делот на промоција на извоз, а на предлог на бизнис заедницата, оваа година во периодот од 13-17 септември 2019 година е организатор на национален штанд на саемот за технологија и медиуми IBC во Амстердам. Оваа година вкупно четири компании од нашата земја се дел од националниот штанд како ко-изложувачи: Piksel, Hoyo Tech,  Alternative System Integration и Inellipse.

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија, г-дин Арбен Виља реализираше неколку состаноци со водечки фирми од областа на  технологија и медиуми кои се учесници на саемот.

IBC е највлијателниот светски медиумски и технолошки саем. Во 2019 година IBC привлече повеќе од  60.000 учесници од 150 земји ширум светот, каде изложуваат повеќе од 1.700 од клучните добавувачи на технологија во светот.

 



Видете следно

Во Велес се одржува Форум за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД Програмата

Во Велес се одржува вториот ден од дводневниот форум на кој претставниците од Телото за …