Македонските претставници се пласираа во полуфиналето на глобалниот натпревар: Креативниот Бинзис Куп 2022 во Данска


Best Online Assistant – нашите национални претставници се пласираа меѓу 12 полуфиналисти од вкупно 60 учесници на глобалниот натпревар: Креативен Бизнис Куп 2022. Од 27 до 28 јуни во Данска се одржа финалето и завршниот настан на Глобалниот Бизнис Куп: BRIGHT – Together #TheFutureLooksBRIGHT под мотото: „Заедно гледаме кон светла иднина“. Завршниот настан во склоп на натпреварот има за цел да овозможи вмрежување, споделување на искуства и идеи помеѓу претприемачи, љубители на иновации и претставници од креативните индустрии ширум светот. Но, фокусот на настанот е и кон претставување на националните финалисти од земјите учесници во склоп на глобалниот натпревар. Нашите национални финалисити, Best Online Assistant, се претставија со нивната  платформа за професионален развој на лица со физичка попреченост. Платформата  нуди едукација во областа на совладување дигитални вештини, која потоа преку B2B и B2C бизнис моделите нуди можности за работа од далечина / фриленс работа и работа со полно работно време. Организатори на националниот натпревар во нашата земја се СмартАп – Лабораторија за социјални иновации во соработка со УМПАКИ – Унијата на македонски асоцијации во креативните индустрии. СмартАп втора година по ред се организатори на овој натпревар па со нив поразговаравме за тоа кое е значењето на ваквиот тип на настани и кои се нивните впечатоци. „Од искулучително значење е потенцијалот кој го поседуваат креативните индустрии кој може да се стави во функција на економскиот раст и развој. Преку ваквиот тип на настани секоја година се запознаваме со нови бизнис идеи, иновативни пристапи кон испорака на услуги или пак производство на производи. Особено значајно за нас како организација е тоа што можеме да им овозможиме нивно претставување на глобално, но и на национално ниво, токму затоа сме мотивирани да продолжиме со реализацијата на ваквиот тип на настани.“ – изјави Софија Богева, специјалист за иновации и еден од основачите на СмартАп. Преку разговорот со тимот на СмартАп дознавме и нешто повеќе за атмосферата за време на завршниот настан во склоп на натпреварот. Нивната повеќегодишна соработка со Креативната Бизнис Мрежа (Creative Business Network – CBN) им овозможи оваа година да бидат и активно вклучени и во дел од панел дискусиите за време на завршниот настан на Глобалниот Бизнис Куп: BRIGHT. Софија Богева како претставник од тимот беше модератор на две панел дискусии кои обработуваат две актуелни теми и тоа: „Импакт инвестирање“ и „Отворени иновации во јавен сектор“, а во склоп на дискустиите, учествувале претставници на организации и компании од областа на претприемништвото и креативните индустрии од Данска. Тимот на СмартАп истакна дека овогодинешниот успех и пласман на Глобалниот Бизнис Куп не би бил возможен без поддршката од нивните пријатели-поддржувачи при организацијата на националниот натпревар: „Посебна благодарност сакаме да изразиме до нашите пријатели-поддржувачи кои придонесоа при организирањето и спроведувањето на овој настан: Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ; СКАЛА – (Скала Магазин, Скала – Школа за дизајн, уметност и технологија и ИДТ – Институт за дизајн и технологија), Стартап Македонија и Dopeness Productions. Од особено значење беше и нашата соработка со УМПАКИ – Унијата на Унијата на македонски асоцијации во креативните индустрии кои заедно со нас беа организатори на натпреварот.“ – изјави Гент Тоска, еден од организаторите на националниот натпревар „Креатвниот Бизнис Куп Северна Македонија 2022“. Овогодинешнешниот националнен натпревар „Креатвниот Бизнис Куп Северна Македонија 2022“ се одржа на 27 мај, а тимот на СмартАп веќе размислува за следните чекори и новото издание на натперварот. Доколку имате желба да бидете дел од овој настан контактирате го тимот на СмартАп на нивните социјални мрежи на Фејсбук и Инстаграм.


Видете следно

МОТ: Меѓусекторска соработка и инвестирање во сите региони за поголема успешност на мерката Гаранција за млади

На Меѓународниот ден на младите – 12 август, Меѓународната организација на трудот (МОТ) ги презентира …