Македонските танчери СВЕТСКИ ШАМПИОНИ во Латино Шоу


Танчерите од Eat The Beat од Скопје, остварија неверојатен резултат на Светското Првенство во Латино и Синхро кое се одржува во Сараево, БиХ.
По пауза од една година , тие повторно ја освоија титулата Светски Шампиони во детска категорија. Покрај титулата светски шампиони во Латино Шоу категорија деца тие освоија уште две значителни награди:

3то место, бронзен медал во Синхро Денс, детска категорија и
4то место, во Латино Шоy, возрасна категорија – најмасовната и најсилна конкуренција во оваа танц дисциплина.

Тие се членови на Македонската Асоцијација за Модерни Танци која реди успеси на светското првенство. Покрај Eat the Beat, Македонија ја претставуваат и танчерите на Expose од Битола. Двата клуба имаат 5 пласмани на пиедесталот , но во детска категорија повеќе од заслужено ја понесоа титулата светски шампиони , оставајќи ги Италија и Србија на второто, односно третото место.


Видете следно

Средба со претседателот Пендаровски, по повод отвореното писмо упатено до него на 30 октомври 2019 година

Над 25,000 наши граѓани починале прерано изминативе осум години поради загадениов воздух кој го дишеме, …