Македонските возови се од истиот производител со тој што ќе руши рекорди во Кина


Според договорот,потпишан од македонската влада и CSR, предвидена е набавка на шест најсовремени гарнитури за патнички возови од кои четири дизел и две на електричен погон. Истите треба да стигнат наредната година, во лето.

Возовите ќе бидат со капацитет за околу 1.200 патници, целосно ќе бидат климатизирани, опремени со тоалети, енергетски ефикасни и ќе ги задоволуваат сите безбедносни стандарди и стандардите за превоз на лица со ограничена мобилност

„Во Македонија потпишуваме прв договор и е многу важна иницијативата на македонската влада да го подобри јавниот транспорт. Ветувам целосно исполнување на договорот и јас лично постојано ќе внимавам на спроведувањето на овој проект, ветувам дека ќе ја оправдаме довербата и ќе понудиме супериорен квалитет и сервис“ – рече Цонгшијанг.

Инаку CSR е една од најголемите светски производители на локомотиви заедно со CNR. И двете најголеми кинески и светски производители на локомотиви – CNR и CSR соопштија дека најверојатно ќе се спојат една во друга.

Причината која се истакнува е сосема едноставна: наместо да си трујат животот во конкурентската трка меѓусебно за најдобри цени, двата гиганти ќе ги здружат напорите во побарувачката на големи нарачки на странските пазари, пишува германскиот FAZ по информации на Bloomberg.

 


Видете следно

Постапки против 20 лица во Битола заради прекршување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Битола денеска до Основниот суд Битола поднесе предлози за определување казнени налози …