Максимум 300 илјади денари за комплексно лекување од Ковид – 19 во приватните болници, најави Филипче


Откако ќе се изгласа Законот за здравствена заштита со измените и дополнувањата, пациентите во приватните болници кои се лекуваат од Ковид – 19, ако е комплексно лекувањето и долго трае, максималната сума што треба да ја плати е 300 илјади денари, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Станува збор за сума што пацинетите ја плаќаат во приватните болници, а таму заминале на своја волја да се лекуваат, како што тоа го прават сега, а плаќаат голема сума пари. Ако треба ние да ги користиме како држава ресурсите на приватните болници, тогаш за тие ресурси не наплаќаме никаков надоместок кон приватните болници, а Фондот си ја презема услугата на плаќање. Таква ситуација засега нема, појасни Филипче по барање на новинарите откако денеска ја посети Арената „Борис Трајковски” каде во тек е вакцинирањето против коронавирусот.


Според него, цените за лекување, кадарот и искористувањето на капацитетите на приватните болници доколку треба и се истрошат државните капацитети за лекување, се прашања во однос на лекувањето од КОВИД – 19 во приватните болници.

Во однос на капацитетите за лекување, информира Филипче, се соочиле со одреден проблем согласно Законот за кризна состојба, димензиониран врџ основа на други проекции за да се користат други ресурси како механизација,машини итн, а не болници и кадар.

– Во таа насока, едно од дополнувањето на Законот за здравствена заштита е сето тоа да се прави без надомест, а не како што предвидуваше тој закон за менаџирање со кризи. Со тоа се соочивме кога разговаравме претходниот пат за користење на капацитети на приватните болници со 30 проценти, па тешко беше да се прифатат затоа што не се однеусваше на болници. Понатаму за целосна забрана на кадар од јавното здравство да преминува во приватно за време на прогласена кризна состојба или пандемија од заразна болест и понатаму цената што пациентите сами приватно ја плаќаат да се ограничи на ниво на цената на пакетите што Фондот за здравствен осигурување ја плаќа кон Јавно здравствените установи. Таа цена изнесува од 40 до 300 илјади денари зависно од типот на лекување односно дали е тоа лекување интензивно односно се користи респираторна машина или не, изјави министерот за здравство Филипче. цр/скс/

Скопје, 14 април 2021 (МИА)


Видете следно

Во пресрет на сезоната на можни пожари на отворен простор во државата – координативен состанок за превенција

Во пресрет на сезоната на можни пожари на отворен простор во државата, денеска, (11.05.2021), под …