Манчевски ќе ја предводи нашата делегација на ITU Telecom World 2019


Владата на Република Северна Македонија на вчерашната 144-та редовна седница, ја разгледа и усвои Информацијата за формирање Работна група за презентација на Република Северна Македонија на ITU Telecom World 2019 и го задолжи министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски да ја состави и предводи нашата делегација на овој настан, кој претставува можност за промоција и привлекување странски инвестиции во Република Северна Македонија во сферата на телекомуникациите и ИТ секторот, како и поврзување со потенцијални партнери од областа на дигитализацијата на глобално ниво.

Дополнително, присуството на овој настан отвора можност за презентирање на бизнис климата и постигнатите резултати во областа на телекомуникациите во Република Северна Македонија, како и презентација на можностите за трет мобилен оператор во земјата.

На предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, Владата исто така ја разгледа и усвои Информацијата за спогодба за соработка помеѓу Канцеларијата за информациски технологии и електронска управа на Република Србија и Министерството за информатичко општество и администрација на Република Северна Македонија во областа на дигиталната трансформација и го овласти министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски да ја потпише Спогодбата помеѓу Канцеларијата за информациски технологии и електронска управа на Република Србија и Министерството за информатичко општество и администрација на Република Северна Македонија во областа на дигиталната трансформација.



Видете следно

СКСЗМ: Има сектори во кои треба итно постапување

Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија на конзистентен начин ги претставува барањата на бизнис заедницата кон …