Манчевски: Министерката Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности


Дамјан Манчевски денеска соопшти дека министерката Стаменковска-Стојковски продолжува да покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности.

„Дополнителната заменичка министерка Стаменковска-Стојковски продолжува да покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности.

Денеска, најави дека ќе „упати задолжение со молба до раководителите на институции“ и дека ќе ги посетува институциите?!

Се прашувам какво е тоа „задолжение со молба“?! и во кои закони е предвидено дека има право да испраќа задолженија или молби и да врши контрола во институциите.

И уште еднаш, сакам да ја потсетам дека Анкетните листови на кои се повикува, не се замена за Функционална анализа.

Предуслов за пополнување на Анкетните листови, е институциите да имаат изготвено Функционална анализа, согласно Методологијата што ја подготвивме со поддршка на Британската влада.“ вели Манчевски.



Видете следно

ЏАФЕРИ: Собранието ги исполни сите реформски приоритети, сега е ред на ЕУ да постапи по заслуга

  Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, денеска оствари средба со европратениците …