Манифестација „Ракотворци чувари на традицијата – наше богатство и гордост“ во Музеј на Република Северна Македонија


Во чест на 8 септември, Денот на македонската независност, НУ Музеј на Република Северна Македонија во соработка со Здружението „АРТИ КРАФТ“ организираат етно културна манифестација насловена „Ракотворци чувари на традицијата – наше богатство и гордост“ Настанот ќе се одржи 6 септември (петок), со почеток од 11 часот.

Музејот традиционално ја организира оваа манифестација, секогаш со богата програма која во фокусот го има етнолошкото богатство. Оваа година ќе настапат Ансамблот „Македонија“, Виолета Томовска, која ќе изведе неколку нејзини хитови, а од Истибања доаѓа фолклорниот ансамбал „Китка“. На платото пред Музејот ќе се одржи и базар на рактворби со учество на членовите на ЗУР „АРТИ КРАФТ“ и дваесетина ракотворци.

Ве покануваме на ова културно едукативна манифестација со фокус на етнолошкото наследство.


Видете следно

Канада скокна на Меган и Хари! Десетици илјади собираат потписи против нив

Повеќе од 80.000 Канаѓани потпишале петиција во која се бара принцот Хари и неговата сопруга …