Breaking News

Маринакис за несреќата во Либија: Потврдени се првичните информации и јасно е дека станува збор за сообраќајна несреќа


– Се потврдуваат првичните информации и станува збор за трагична сообраќајна несреќа. Ова е јасно.


Грчката Влада, очигледно е дека собра информации по овој трагичен случај, рече портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.


Паралелно, Маринакис ги демантираше информациите дека тим од Националната служба за разузнавање заминала за Либија, но и истакна дека не се покренува прашање за довербата во началникот на Генералштабот на армијата Константинос Флорос.

Во несреќата во Либија кога возило удри во автобусот на грчката хуманитарна мисија додека патувала кон градот Дарна загинаа пет лица, од кои тројца припадници на грчката армија и двајца преведувачи.


ср/рп/ .

Извор: МИА