Мариса Мајер заработи 36.6 милиони долари за 6 месеци


Директорката на Yahoo од средината на минатата година добива плата од 454 862 долари, на кои се додаваат и бонуси од 1,12 милиони долари во кеш и околу 35 милиони од акции, покажува финансискиот извештај на компанијата.

Според финансискиот извештај на Yahoo главниот оперативен директор на компанијата Енрике де Кастро добил 39.2 милиони долари за минатата година, 38 милиони долари во форма на акции чиј сопственик ќе стане после одреден период.

Мариса Мајер се обидува да го закрепне растот на Yahoo како технолошки иноватор откако го започна својот мандат на чело на веб порталот. Ова е петти шеф, кој ја презема компанијата за последните години.

Мајер може да се пофали со создавањето на Google Maps, Gmail, iGoogle и Google News услугите и сега од Yahoo очекуваат таа да стане алката што недостасуваше за да ги закрепне изгубените позиции на компанијата на глобално ниво.


Видете следно

Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек“ добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2019 година

„Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек” е добитникот на годинашната награда „Браќа Миладиновци”, која ја доделува …