Марк Зукерберг влегува во политиката?


Марк Зукерберг, коосновач и извршен директор на светската социјална мрежа Facebook, ги разгледува можностите за формирање на политичка партија, која ќе ги поддржува различните каузи поврзани со имиграцијата, економијата, образованието и финансирањето на научни проекти. Ова го соопшти агенцијата “Блумберг”.

Според одредениот извор 28-годишниот милијардер размислува за формирањето на ваквата политичка партија во која ќе влезат и други истакнати претставници на технолошката заедница.


Веста не е изненадувачка, ако се има предвид фактот дека основачот на најголемата социјална интернет мрежа веќе се обидува да ја прошири својата улога во политиката. Минатиот месец Зукерберг го пречека гувернерот на сојузната држава Њу Џерси Крис Кристи во својот дом во Калифорнија. Во 2011 година тој беше домаќин на Барак Обама во општината на градот Менло Парк, каде што се наоѓа седиштето на Facebook.

Во моментов од социјалната мрежа одбиваат официјално да ги коментираат информациите за политичките амбиции на Марк Зукерберг, кои првично се појавија во локалниот весник “Сан Франциско Хроникал”, пренесува екон.



Видете следно

Костадиновска-Стојчевска: „Отворен Балкан” е можност три држави да споделат искуства на полето на културата

Министри за култура, претставници од агенции задолжени за филм, младински културни центри, големи државни и …