Маск „осиромаши“ за 14 милијарди долари за еден ден



Сопственикот на Тесла и Спејсекс, Илон Маск, кој неодамна беше прогласен за најбогат човек на светот, повторно се најде на второто место на листата на најбогати, бидејќи богатството падна за скоро 14 милијарди долари за еден ден.

Акциите на неговата компанија за електрични возила, Тесла, вчера паднаа за скоро осум проценти, со што нето-вредноста на Маск се намали за 13,5 милијарди долари на 176,2 милијарди долари.

Така, сопственикот на Тесла повторно е втор на листата на најбогати луѓе на планетата, а на тронот се врати шефот на Амазон, Џеф Безос, чие богатство во моментов изнесува скоро 6 милијарди долари повеќе, или 182,1 милијарди долари, пренесува Форбс.

Акциите на Тесла пораснаа повеќе од 720% во 2020 година, а највредниот производител на автомобили во светот Тесла произведе половина милион автомобили во 2020 година – дел од производството на големите производители како ГМ и Тојота.

И покрај падот на Маск во понеделникот, тој сепак е побогат за околу 20 милијарди долари од третата најбогата личност во светот, францускиот моден тајкун Бернард Арно (денес вреден 154,6 милијарди долари).


Видете следно

Акциска контрола на полицијата во Кавадарци и Неготино, изречени 93 мерки

Сообраќајната полиција изрекла 93 мерки за време на вчерашната акциска контрола во Кавадарци и Неготино. …