Масовни отпуштања во Шведска


Шведскиот производител на тешки камиони Volvo Group објави многу слаби резултати во споредба со предвидувањата на аналитичарите и намалувањето на 2.000 работни места на високите кадри и консултанти, пренесе AFP.

Чистата добивка е намалена за 1% до 1,387 милијарди круни (€ 158 милиони) и е многу под проектираните од аналитичарите 2 милијарди круни. Прометот се намалил за 5% до 64,880 милијарди круни при очекуваните од аналитичарите 67,7 милијарди круни.

Како што се очекуваше, Volvo најави отпуштања во рамките на планот за реструктуирање, започнат во септември.

Планираното скратување на 2000 позиции на директори и консултанти претставува помалку од 2 % од персоналот на групата – 95 400 вработени и 17 200 на привремени договори и консултанти.

Генералниот директор Олоф Персон објасни дека Volvo доживува фаза на сложена транзиција и вети најголема обнова на производството во историјата на групата со високо конкурентен спектар во 2014 година.

Electrolux кој е производител за електрични уреди за домаќинство исто така, најави дека скратува 2.000 работни места по лошите резултати во третиот квартал, пренесе Франс прес. Компанијата ќе ја затвори фабриката во австралискиот град Оринџ и ќе го намали својот персонал во Европа.


Видете следно

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ КУПИ КУЌА КУПИ СТАН

Градежната комора на  Македонија го поддржува проектoт  Купи куќа купи стан од самиот почеток на неговата …