МБА: Граѓаните да не се вознемируваат од неточни и непроверени информации за банкарскиот систем


Скопје, 12 септември 2020 (МИА) – Македонската банкарска асоцијација (МБА) ги отфрла како неточни и општествено неодговорни тврдењата од одредени субјекти во текот на изминатите денови. Воедно апелира, „граѓаните да не се вознемируваат од изјави и објави на неточни и непроверени информации за банкарскиот систем”.

-Препорачуваме да се следи официјалниот извор на информации за работењето на банките – Народната банка согласно која банките се стабилни и сигурни, располагаат со исклучително високо ниво на ликвидност, а солвентноста е повеќе од двојно повисока од законскиот минимум, наведува МБА.

Според Асоцијацијата, банкарскиот систем во секој момент може да одговори на потребите на граѓаните и компаниите, преку квалитетна и соодветна кредитна поддршка и клучно – преку безбедност за нивните депозити.

-Тоа се темели на стабилноста и сигурноста на банките и е демант на секоја пласирана невистина којашто се однесува на банкарскиот систем, стои во сооптшението од МБА.


Видете следно

„Зошто се важни вашите пари?” – регионална кампања за родово-одговорно буџетирање

„UN Women” во Северна Македонија ја започна кампањата „Зошто се важни вашите пари?”, како дел …