Breaking News

Меѓаши ќе ги презентира наодите од работата на Ало Бушавко


Тимот на Првата детска амбасада во светот Меѓаши денеска на прес-конференција ќе ги презентира наодите од работата на Ало Бушавко – телефонот за деца и млади 070 390 632 при ПДАС Меѓаши за 2022 година.


Како што е најавено, ќе биде даден осврт за извештајот и преглед на главните причини за јавувања на АлоБушавко – телефонот за деца и млади во 2022 година, како и најчесто застапените пријавени проблеми.


Во рамки на конференцијата ќе се наведат и студии на случај, како и приказ на резултатите од Кампањата за промоција на детски права.

Од Првата детска амбасада во светот Меѓаши информираа дека годинашната конференција е под наслов „Менталното здравје на децата и младите“. цр/са/