Меѓународна конференција Советот на Европа: „Заштита на човековите права и достоинството на жените Ромки во време на криза”


Повеќе од 100 жени Ромки од денеска до 26 ноември ќе учествуваат на хибриднаta конференција (со физичко и онлајн присуство) организирана од Екипата на Роми при Советот на Европа во партнерство со Министерството за труд и социјални политики на Северна Македонија, јави дописникот на МИА.

Конференцијата ќе биде отворена од Јагода Шахпаска, министерка за труд и социјална политика на Северна Македонија и Бјорн Берге, заменик генерален секретар на Советот на Европа.


Конференцијата во текот на наредните три дена ќе се обиди да направи преглед на тоа како Ковид-19 ги влоши долготрајните предизвици со кои се соочуваат Ромите. Имено жените Ромки особено имаат ограничен пристап до основните потреби како што се чиста вода, санитарни јазли и здравствена заштита, а пристапот до дигитално учење за нивните деца беше тежок, со намалени можности за вработување. Поопшто, Ромите беа посочени како „жртвени јарци” за ширење на вирусот во одредени земји.

Конференцијата, исто така, ќе ги процени последиците од ситуацијата на Ромите без државјанство или немањето документи за идентификација во време на криза и ќе ги оцени актуелните прашања како што се феминизмот на Ромите, како и прашањата на Ромите припадници на ЛГБТИ и еколошкиот расизам.


Очекуваните заклучоци од овој настан ќе вклучуваат споделување на добри практики со меѓународните организации, националните власти и граѓанските организации за подобро да се гарантира пристапот до здравството, образованието и вработувањето – и како овие мерки да бидат одржливи.тг/са/

Стразбур, 24 ноември 2021 (МИА)


Видете следно

Доделени 20 стипендии „Борис Трајковски“ за студии на пан-европска извршна програма од втор циклус на Сити Колеџот во Солун во соработка со универзитетите Јорк и Стразбур

На дваесет граѓани од Северна Македонија денеска им беа доделени стипендиите „Борис Трајковски“ за студирање …