Меѓународна конференција за индивидуално насочено планирање кај лицата со аутизам


Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА) денеска организира онлајн меѓународна конференција на тема „Лицата со аутизам во центарот на вниманието – поддршка преку индивидуално насочено планирање”.

Конференцијата која ќе се одвива на платформата Зум, е завршен настан од тригодишниот проект „A holistic approach to person-centered planning for Autism (AUTISM_PCP)”, од Еразмус+ програмата на Европската Комисија.


Како што велат од МНЗА, целта на конференцијата е да се промовира методологијата за индивидуално насочено планирање прилагодена за лица со аутизам, развиена како клучен резултат од работата на Autism_PCP меѓународниот конзорциум во изминативе три години. Но, ќе биде даден и поширок пресек на моменталната состојба во однос на правата и потребите на лицата со САС, како и на системските решенија во однос на социјалните услуги за оваа категорија граѓани.

За учество на настанот се пријавени околу 600 гости од земјава, како и од Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија, САД, Германија, Велика Британија, Нов Зеланд, Грција. мч/са/


Скопје, 25 август 2021 (МИА)


Видете следно

Отворен финалниот ден од натпреварот „НАТО Иновациски предизвик”

Заменик министерот за одбрана Башким Хасани денеска во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски” присуствуваше и …