Меѓународна научна конференција „Подобро шумарство, за подобри шуми, за подобра планета“


Во организација на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем” (ХЕФ), денеска и утре во Скопје ќе се одржи Меѓународна научна конференција „Подобро шумарство, за подобри шуми, за подобра планета”, по повод 75 години постоење на факултетот.

На конференцијата најавени се обраќања на ректорот на Универзитет „Св. Кирил и Методиј” Никола Јанкуловски, на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и на деканот на ХЕФ Кирил Сотировски.


На дводневниот меѓународен форум ќе учествуваат научници од земјава и од 40 држави од регионот, Европа и пошироко. вг/нд/


Видете следно

НАЈАВА / Дигитална агенда за граѓаните – Дигитализација и дигитална трансформација за поефикасна администрација

Во рамки на проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ICEDA”, кофинансиран од …