Мексико наметнa 8 % данок на брзата храна


Властите во Мексико одобрија даночна реформа, која ќе воведе нови даноци на синџирите за брза храна, прeнесува BBC.

Промените на претседателот Енрико, Пена Нието предвидуваат и укинување на порезите за најбогатите луѓе во земјата. Дополнителните приходи за буџетот ќе одат за подобрување на инфраструктурата и социјалната стабилност.

Мексико неодамна ги надмина САД како земја во која има најмногу луѓе со прекумерна тежина. Според податоци на ОН 32,8 % од Мексиканците се премногу полни, меѓу кои 5 милиони деца.

“Дебелината го отежнува учењето и работата на луѓето, а со тоа и економската конкурентност”, изјави министерот за здравство на Мексико, Мерседес Хуан.

Новите даночни закони предвидуваат плаќање на т.н. “фаст фуд” во износ од 8 %, што е повисоко од предложените првично 5 отсто. Предвидено е и данок за слатките и газираните пијалаци.

Даноците за луѓето со приходи над 750 000 пезоси годишно пак ќе достигне 35%. Целта е во мексиканската државна каса да влезат дополнителни приходи од 2,7 % до крајот на 2018 година.


Видете следно

Претседателот Пендаровски се обрати на отворањето на форумот на поранешни алумни на Маршал центарот

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска во Охрид се обрати на отворањето на …