Мексико втор ден рекорден број новозаразени со Ковид-19


Мексико Сити, 2 август 2020 (МИА) – Во Мексико вчера се пријавени рекорден број новозаразени со коронавирусот – 9.556.

Ова е втор ден по ред земјата да бележи рекордно зголемување на бројот на нови случаи, бидејќи во петокот беа потврдени 8.458 нови случаи на коронавирус.

Мексико е на шестото место во светот по бројот на потврдени случаи на коронавирус.

Во изминатите 24 часа починале уште 784 лица, со што вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата се зголеми на 47.472.

Мексико е на трето место во светот по бројот на смртни случаи, по САД и Бразил.


Видете следно

СЗО: На американскиот континент секојдневно по 100 илјади случаи на коронавирус

Вашингтон, 11 август 2020 (МИА) – Повеќе од 100.000 случаи на Ковид-19 се регистрираат секој …