Меркел со „буџетски” повик до членките на ЕУ


Канцеларот на Германија Ангела Меркел ги повика земјите од Европската унија да ги применуваат сопствените буџетски правила во однос на земјите со висок долг.

Во говорот пред парламентот таа истакна дека сите земји членки на ЕУ го потпишаа Пактот за стабилност и раст, кој ја регулира фискалната дисциплина. „Сите, нагласувам сите земји членки треба целосно да ги почитуваат засилените правила на Пактот за стабилност и раст. Само тогаш тој може да ја исполни својата цел како главен столб за стабилност и пред сè за довербата во еврозоната”, истакна Меркел.

Без да ја споменува конкретно Франција, таа изрази убеденост дека „сегашната и идната Европска комисија е свесна за главната одговорност, која ја носи, за одржување на сигурноста на Пактот за стабилност и раст”.

Париз најави минатиот месец дека буџетскиот дефицит за следната година ќе достигне 4,3% од БДП. Не се очекува дефицитот да се намали до ова ниво до 2017 година.



Видете следно

СКСЗМ: Има сектори во кои треба итно постапување

Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија на конзистентен начин ги претставува барањата на бизнис заедницата кон …