Меркел: Тешка 2013-та, но трпение и храброст


Германскиот канцелар Ангела Меркел ги предупреди своите сонародници дека економската година ќе биде “потешка” во 2013 година отколку во 2012 година, повикувајќи на “трпение” и “храброст”. Ова не треба да нè обесхрабри, туку да нe го стимулира. Кризата се уште е далеку од својот крај”, рече Меркел во својот говор.

Конзервативниот лидер, што ќе се кандидира за трет мандат на парламентарните избори во септември 2013 година, истакна дека невработеноста е најниска во Германија и бројот на работните места е највисок од обединувањето на земјата пред 22 години.

Иако Германија ужива подобра економска конјуктура отколку повеќето од европските партнери, таа се забави во 2012 година. Земјата има раст на бруто домашниот производ од 0,2% во третиот квартал, а 0,3% во вториот квартал и 0,5% во првиот.

Германската централна банка исто така предвидува речиси стагнација на германската економија во 2013 година со раст на БДП од само 0,4%, а 0,7% оваа година.


Видете следно

Претседателот Пендаровски се обрати на отворањето на форумот на поранешни алумни на Маршал центарот

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска во Охрид се обрати на отворањето на …