Мерките вродуваат со плод: Регистрирани помалку нови случаи на коронавирус во земјата


Откако владата со рестриктивни мерки започна војна со корона вирусот, денеска се намали бројот на нови случаи заболени.

Се забрани движењето за сите граѓани од 21:00 до 05:00 часот, се забрани движењето на граѓаните над 67 години од 11:00 часот до 05:00 часот следниот ден. Владата спроведе и многу други мерки, согласно препораките и од другите држави кои имаат многу поголеми жаришта од оваа епидемија.

Претседателот Пендаровски исто така ги подржа мерките.

„Додека целиот свет е во потрага по вакцина и лек, самоизолацијата е најдобрата превентива против вирусот. Знам дека ви е тешко, но, мораме да ги сочуваме нашите животи, и да им помогнеме на немоќните и повозрасните“, рече денеска претседателот Пендаровски.

Министерството за здравство денес информираше дека во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (7) и Куманово (5).

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 148 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

– Скопје (88)
– Дебар (40) – од кои 1 починат
– Куманово (8) – од кои 1 починат
– Штип (7)
– Кавадарци (2)
– Охрид (2)
– Гостивар (1)


Видете следно

Од утре ова се новите цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која …