Месечината – следната цел на рударските компании


Европските научници ги објавија плановите како да почнат да добиваат суровини од Месечината уште во 2025 година, пишува специјализираниот сајт Mining.com. Она што тие ќе го извлекуваат, не е ниту злато, ниту дијаманти, туку безотпадна нуклеарна енергија, за која се смета дека вреди трилиони долари.

Целта е да се добива и да се обработува реголит, претворајќи го во корисни материјали како вода, кислород, метали и изотоп наречен хелиум-3, кој може да се покаже корисен за потхранување на идните Термонуклеарни реактори.

Реголитот е прав материјал кој ја покрива површината на Месечината и е резултат од милијарди години стари метеори. Ако некој некогаш одлучи да живее на Месечината, би можел да го користи реголитот за изградба на бази.

Мисијата ќе се води од страна на Европската вселенска агенција (ESA) во партнерство со ArianeGroup. Таа, исто така привлекува научници со скратено работно време, германска група, како и поранешен учесник во Google Lunar XPrize.

Европа не е единствената која се подготвува за рударство на Месечината. И Индија и Кина претставиле идеи за екстракција на хелиум-3 од природниот сателит на Земјата. Пекинг веќе слета на месечината два пати во текот на 21-от век, а и претстојат уште мисии.

Постојат околу еден милион тони хелиум-3 на Месечината, иако само 25% од нив можат да бидат донесени на Земјата, изјави минатата година пред Bloomberg Џералд Кулчински, директор на Институтот за технологија на фузија на Универзитетот во Висконсин-Медисон и поранешен член на Советодавниот одбор на НАСА.

„Но и овој процент е доволен за да ги задоволи сегашните енергетски потреби на светот за најмалку два, а можеби и за пет века“, додава тој.

Во 2015 година, поранешниот претседател на САД Барак Обама потпиша закон, кој им обезбедува на граѓаните на САД права на сопствени ресурси извлечени од вселената. Тоа беше идентификуван како главен поттик при екстракција од астероиди, бидејќи ги поттикнува трговските студии и користењето на ресурси од астероиди, извлечени од американски компании.

Геолозите веруваат дека астероидите се полни со железна руда, никел и благородни метали во многу повисоки концентрации од оние кои се наоѓаат на Земјата. И ова е пазар вреден и во трилиони долари.

Набргу потоа Луксембург започна официјална иницијатива за унапредување на производството на минерали од астероиди. Малата европска земја, која од 2013 година ги испитува можностите да се вклучи во вселенскиот принос, се стреми да стане европски центар за космичко рударство.


Видете следно

После пет години се одржа Меѓувладината  комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка помеѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација

Денеска во Охрид Меѓувладината  комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка помеѓу Република Северна Македонија и …