Метеролозите со предупредувања за денешниот ден: Еве какво време не очекува


Денес нашето подрачје ќе започне да потпаѓа под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, што во текот на денешниот ден (среда) во добар дел од Македонија ќе придонесе да имаме развој на нестабилна облсчност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ова прилика ја користам и воедно издавам предупредување за денешниот ден (среда) за подрачјето на Македонија поради тоа што ќе имаме присуство на добра влага и енергија во атмосферата што ќе придонесе да имаме и развој на ПОИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси низ земјава кои би биле застапени и во форма на НЕВРЕМЕ со силен пороен дожд, силни и чести електрични празнења, силен ветер како и појава на град. Се очекува за краток временски период да се истури значителна количина на воден талог. Па затоа при вакви бурни атмосферски процеси препорачувсм да не се седи на отворен простор и под осамени дрвја, додека во случај на силен ветер избегнувајте паркирање на возила под дрвја со цел да избегнете несакани ситуации и сл. Од денес температурите ќе бидат во опаѓање.

Како и да е пред нас е промената, која носи дожд, грмежи, ветер и пад на температурите, а исто така и можност за локално НЕВРЕМЕ со ветер, обилен пороен дожд и град, особено за денешниот ден.

Подготви: Denis Muhovic


Видете следно

„Моја бесмртна љубов“ – нова концертна сезона на Филхармонија

Новата концертна сезона (2019-2020) на Филхармонија е насловена „Моја бесмртна љубов“. И оваа концертна сезона …