Microsoft го претстави новото лице на Office


Microsoft ја претстави новата верзија на Office. Софтверскиот пакет Office 365 Home Premium е услуга за корисниците, која овозможува работа со различни уреди. Тоа вклучува целосен сет на Office апликации (Word, Excel, PowerPoint, OneNote, Outlook, Publisher и Access).

Office 365 се нуди како претплата, и за 99 долари годишно можете да го користите на 5 уреди (таблет, лични или Mac компјутери со Windows).


За прв пат се нуди и можноста Office on Demand. Така ќе имате пристап до онлајн апликациите на Office од секој компјутер, дури и на него да не е инсталиран софтверски пакет.

Претплата нуди и дополнителни 20 ГБ простор за складирање во “облакот” SkyDrive, како и 60 бесплатни минути за разговори преку Skype со целиот свет месечно (повици до сите мобилни и фиксни телефони).


“Премиерата на Office 365 Home Premium е следниот голем чекор во трансформацијата на Microsoft како компанија за уреди и услуги”, изјави главниот извршен директор на Microsoft Стив Балмер.

Корисниците можат да го пробаат Office 365 Home Premium бесплатно за период од 30 дена на www.office.com.



Видете следно

Учениците на продолжен распуст, УНИЦЕФ повика затворањето на училиштата да биде привремена мерка

Околу 255 илјади ученици наместо утре, во училишните клупи ќе се вратат на 1 февруари …