Microsoft го претстави својот прв самостоен smartphone за 110 евра


Microsoft го претстави својот прв ефтин смартфон – Lumia 535, во кој не се користи брендот на Nokia. Смартфонот ќе биде со цена од 110 евра и ќе продолжи со напорите за поголем удел на пазарите во развој.

„Очигледно е дека производителите се натпреваруваат во тоа да доминираат кај ефтините смартфони, наместо да се обидуваат да се натпреваруваат со Apple со високите цени”, коментира Енрике Веласко-Кастилио, аналитичар во Analysys Mason, соопшти CNBC.

Моделот Microsoft Lumia 535 е со дисплеј од пет инчи и 5-мегапикселна камера со LED-блиц. Тој е со инсталиран софтвер од Microsoft, вклучувајќи ја платформата за видео повик Skype, како и софтвер за земање белешки OneNote.

Екранот е со резолуција 960 x 540 пиксели (220 точки по инч), и ќе располага со 1 GB RAM меморија и 8 GB внатрешна меморија, која ќе може да се прошири со картичка до 128 GB.

Процесорот ќе биде quad-Snapdragon 200 со фреквенција 1,2 GHz, и ќе се напојува од батерија од 1905 mAh. Новиот модел е со најновата верзија на платформата за Windows софтвер.

Во вториот квартал на годината смартфоните со оперативен систем Windows биле едвај 2,5% од сите паметни телефони во светот. За споредба, со оперативен систем Android биле 84.7% од смартфоните, а со iOS на Appleсо 11,7%.

Code Embed: No embed code was found for CODE2


Видете следно

Каква вода пијат скопјани?

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, …