Microsoft објави нова е-пошта


Американскиот софтверски гигант Microsoft е толку уверен дека нуди најдобра електронска пошта што ќе потроши најмалку 30 милиони долари, за да ја шири својата порака, пренесоа американските медиуми.

Офанзивата започнува денес со пуштањето на електронската пошта Outlook на компанијата, која упатува кон предизвик на конкурентските услуги на гигантите како Google, Yahoo, AOL и уште голем број интернет компании.

Како дел од процесот на воведување на новата услуга, сите корисници на Hotmail на Microsoft и другите електронски пошти под различни домени како MSN.com, автоматски ќе бидат пренасочени кон Outlook.com, ако пред тоа сами не се префрлиле на новата услуга.

Сите претходни пораки, контакти и подесувања на старите адреси ќе бидат префрлени во Outlook.com, а корисниците ќе можат да ги задржат и старите адреси.


Видете следно

РКЕ: НЕТОЧНИ И НЕОСНОВАНИ СЕ ТВРДЕЊАТА ДЕКА ПОСКАПУВАЊЕТО НА ЦЕНАТА НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ОСТАНАТИТЕ ПРОИЗВОДИ

   Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ги оценува како неточни, неосновани и нестручни …