Microsoft подготвува очила со додадена реалност


Microsoft веројатно развиваат “паметни” очила со додадена реалност, пишува ubergizmo.com. Неодамна објавен патент на компанијата покажува дека намерите се веќе во напредна фаза.

Во јануари оваа година, технолошкиот гигант поднесе барање за патентирање на “пренослив уред, базирано на човековото однесување”. Според описот, тогаш не само што ќе може да препознава објекти, но и да го предвидува нивното движење.

Слична технологија не е новина за Microsoft, кои ја користат во помошна апликација за мобилните уреди Cortana. Применети во индустријата за компјутерски игри, очилата ќе им овозможат на играчите да се комбинираат реалните објекти со елементи од графиконот на играта.

Компанијата работи и на патент, сличен со оној, овозможувајќи специјални очила да даваат информации за животната средина на слепи луѓе.



Видете следно

ФИТР препознаен како успешен модел – поднесена иницијатива да се преслика на регионално ниво

Фондот за иновации и технолошки развој на РСМ е препознаен како успешен пример во студијата …