Мигрос го организираше најголемиот малопродажен саем во Турција на кој зеде учество и Рамсторе Македонија


Мигрос ги собра на едно место производителите, добавувачите, земјоделците, вработените и клиентите на „Мигрос Фестивалот на добра иднина, организиран во Конгресниот центар во Истанбул на 5-7 април. Потенцирајќи дека  ја демонстрираа моќта на Мигрос екосистемот, членот на Извршниот одбор на Групацијата Мигрос  Џем Родослу го изјави следното: „Станавме пионери во малопродажниот сектор организирајќи свој саем со екосистемот со кој веќе 65 години заедно произведуваме вредности. На едно место ги собравме боите, вредностите, вкусовите на секој регион на Турција. На тој начин создадовме една слика на Турција. Во текот на 3-дневниот  саем на едно место ги собравме нашите 4 илјади бреднови, над 400 добавувачи и вработените од сите четири страни на Анадолија.„

Мигрос го организираше најголемиот малопродажен саем во Турција, во Конгресниот центар во Истанбул во периодот 5-7 април под називот „Мигрос фестивал на добра иднина„. Саемот ги обедини производителите, добавувачите, земјоделците, вработените и купувачите со кои заедно создаваа вредности во текот 65-годишната историја на Мигрос. На саемот поставен на вкупна површина од 20.000 квадратни метри, присуствува 4.000 брендови, повеќе од 400 добавувачи, како и 2500 вработени на Мигрос од 81 провинција во Турција. Саемот беше посетен од страна на 140.000 посетители.

На Саемот зеде учество  и Рамсторе Македонија како дел од Мигрос гурпацијата со поставување на штанд заедно со уште три успешни македонски компании  со цел да се промовира 13 годишното усешно постоење на Рамсторе на македонскиот пазар и претставување на  Македонија како земја –преку презентирање на вкусна традиционална храна, природни убавини, богато културно – историско наследство и промоција на македонските туристички вредности.

Штандот на Македонија привлече големо внимание како кај посетителите така и  кај учесниците на големи компании кои имаа можност да се запознаат со македонските производи, и да го  осознаат нивниот  уникатен квалитет и карактеристики организирајќи дегустации за бројите посетители, дистрибутери увозници од цела Турција.

На саемот освен Рамсторе Македонија земаа учество и Витаминка, Виталиа и Европа.

 


Видете следно

Детската имагинација не познава граници – Летната Design Thinking школа покажа дека најмладите можат да го сменат светот, ако им се даде вистинска шанса за тоа! 

Децата се имагинативни, храбри и самоуверени уште од најрана возраст. За да можат да ја …