Фото

МИЛИЈАДРА АМЕРИКАНСКИ ДОЛАРИ – ГОДИШЕН ИМПЕРАТИВ ЗА СОРАБОТКА СО СРБИЈА


Вчера започна Копаоник Бизнис Форум, популарно наречен српски, а можеби и балкански Давос, најпрестижната бизнис манифестација во регионот со околу 1.500 учесници, 160 панелисти и  26 панели, а за прв пат годинава и 10-члена македонска бизнис делегација, претставена преку Стопанската комора на Македонија. Во рамките на тридневниот Форум, македонската делегација ќе има свое медиумско претставување, ќе организира прием за своите бизнис партнери и јавни личности присутни на настанот, а претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и претседателот на Управниот одбор на Винарската визба „Тиквеш“ и член на Инвестициската група „М6”, Светозар Јаневски, ќе учествуваат како панелисти. На маргините на Форумот ќе се одржи и состанок на претседателите на Македонско-српскиот деловен совет, на којшто ќе се дефинира агендата за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји.

За 2018 година, Република Србија е четврт најважен партнер во надворешно-трговската размена на Република Северна Македонија, зад Германија, Грција и Велика Британија.

                  Вкупната трговска размена на Република Северна Македонија со Република Србија во 2018 година достигна вредност од скоро 889 милиони САД$, со раст од 10,7% во споредба со 2017 година.

При тоа, остварен е извоз во вредност од 277 милиони САД $  со раст од 11,24%, додека пак увозот изнесува 611,8 милиони САД $ каде се бележи раст од 10,5% споредено со 2017 година.

Евидентиран е дефицит во трговската размена за 2018 година во износ од 334,7 милиони САД$, каде што истиот во однос на 2017 година е зголемен за 9,84%.

 Насоки и иницијативи за зголемување на размената

 Заедничко управување на граничниот премин Табановце – Прешево каде најголема придобивка ќе биде кај протокот на стоки, со што нема да има двојна царинска, санитарна, ветеринарна контрола на стоката и се` ќе биде завршено на еден наврат.

  • Иницијатива за формирање на заедничка арбитража со цел компаниите да можат побрзо и полесно да ги решаваат регионалните стопански спорови, како и единствено кредитно биро, од кое ќе можат на едно место да се добијат податоци за субјекти од која било од шесте држави на Западен Балкан.
  • Што поскоро одржување на заедничка седница на двете влади.
  • Иницијатива за формирање на заеднички институции кои му се потребни на бизнис секторот за да се зголеми соработката.

Видете следно

После пет години се одржа Меѓувладината  комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка помеѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација

Денеска во Охрид Меѓувладината  комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка помеѓу Република Северна Македонија и …