Милијардер се пожали дека не го пуштиле во ресторан во Париз


Американскиот милијардер Марк Бениоф е во Европа неколку месеци за отворањето на новата канцеларија на неговата компанија Salesforce.com во Лоднон, и посета на неколку конференции посветени за изградба на нови информативни центри во Англија, Франција и Германија.

Бениоф располага со лично богатство од 3,2 милијарди долари. Ова можеби не било познато на персоналот во елитниот париски ресторан L’Atelier. Од таму одбиле на Бениоф да го сместат за ручек, како што самиот тој се пожали на Twitter.

Иако многу луѓе го прашаа за причината, тој молчи за ова прашање. Тој инаку бил облечен премногу немарно и носел патики. Бениоф ја споредува ситуацијата со комичната серија Зајнфелд.

 

 

 

 


Видете следно

Шекеринска: Ги правиме последните чекори кон НАТО, заедно со ратификацијата очекувам двотретинско мнозинство за Законот за одбрана

Република Северна Македонија ги прави последните чекори пред членството во НАТО Алијансата – рече министерката …