Breaking News

Министерката Петровска на редовниот годишен брифинг со одбранбени аташеи


Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска ќе го отвори редовниот годишен брифинг со одбранбени аташеи акредитирани во Северна Македонија што ќе се одржи во просториите на Регионалниот центар за односи со јавноста во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје.


Воведни обраќања на брифингот ќе имаат и заменикот на началникот на Генералштабот, генералот Азим Нуредин и одбранбеното аташе на Обединетото Кралство, Метју Вокер.


Како што информираат од Министерството за одбрана, на годишниот брифинг ќе се сумираат развојните процеси во одбраната и во Армијата во изминатата година, вклучувајќи го учеството на припадниците на Армијата во мисии и операции, развојот на човечките ресурси и реализацијата на армиските вежби за 2022 и плановите за 2023 година. дма/мд/