Министерката Шахпаска на дебата посветена на рабоничките права во време на корона на  Текстилијада во Штип


Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на дебатата насловена “Работнички права за време на корона – Корона права”, во склоп на тридневната Текстилијада во Штип, организирана од страна на Здружението на граѓани на текстилните, кожарските и чевларските работници „Гласен Текстилец“.

Почитувањето на работничките права на текстилните работници и работнички во време на пандемијата со КОВИД 19, беше  темата на овогодинешната Текстилијада .

Како почесен гостин –говорник на денешната дебата  беше  претседателот на Република Северна Македонија , г-дин Стево Пендаровски, кој го посочи значењето на ваков тип на дебати кои имаат за цел унапредување на работничките права преку отворен и широк социјален дијалог во интерес  на засегнатите страни.

Министерката Шахпаска зборуваше за предизвиците кои ги донесе пандемијата од КОВИД 19 и политиките и мерките преземени од Владата на Република Северна Македонија , со цел поддршка и помош на компаниите, зачувувањето на работните места и граѓаните, особено најранливите категории.

Таа истакна дека четвртиот пакет економска помош граден заедно со претставници од сите засегнати страни, синдикатите, работодавачите и Владата има за цел полесно премостување на кризата предизвикана од корона висрусот која освен здравствени, остава зад себе и економски последици.

„Овој пакет повторно ќе ги адресира проблемите на компаниите и ќе биде насочен кон помагање на работниците, но пристапот е различен.Овојпат помошта која ќе ја дава државата ќе биде скалеста. Оние компании кои имаат сериозна загуба ,ќе добијат поголема парична помош до 21.000 денари, а оние со помала загуба 14.500 денари. Тоа е пакет од 57 милиони евра кој државата директно го вбризгува во компаниите и на тој начин овозможува работниците да останат на своите работни места“, посочи Шахпаска.

Таа истакна и дека Оперативниот план за активни мерки кој го креира Владата оваа година е 78%  реализиран. Што значи дека и во време на КОВИД 19, Агенцијата за вработување ги троши паричните средства одвоени од Буџетот минатата година во износ од 1,3 милијарди денари.

Министерката го посочи  Законот за спречување и заштита од дискриминација кој е во собраниска процедура како особено значаен  во делот во борбата против дискриминација на работниците врз било која основа.

„Продолжуваме со борбата за еднаквост, за зачувување на работничките права и  борбата против мобингот“,порача Шахпаска.


Видете следно

Инспекторите ќе ги празнат угостителските објекти и ќе ги затвораат со законските измени, Пауновски повика на издигнување на свеста на граѓаните

Свеста на граѓаните треба да се издигне на највисоко ниво ако сакаме да се намалат …