Министерката Шахпаска на панел дискусија: „Правните механизми за регулирање на работните односи во услови на пандемија предизвикана од КОВИД 19: лекции што ги научивме и лекции што треба да се научат”


„Пандемијата од КОВИД 19 не претставува само здравствена криза, туку сериозна социо-економска и психолошка криза, заради што бевме соочени со предизвикот како на најдобар начин се справиме со неа, без да има импликации врз нашето здравје но и без да се одрази негативно врз нормалното функционирање на економијата,” истакна министерката Шахпаска на втората сесија од вториот циклус на Работната група -2, Социјална политика и вработување која дејствува во рамките на Националнта конвенција за Европската унија во РС Македонија (НКЕУ-МК), насловена „Правните механизми за регулирање на работните односи во услови на пандемија предизвикана од КОВИД 19: лекции што ги научивме и лекции што треба да се научат”.

„За нас како Влада и ресорно министерство изминатиот период врвни беа два приоритети: зачувување на секое работно место во услови на пандемија и грижа за најранливите категории на граѓани”, посочи министерката Шахпаска. Таа се осврна на предизвиците во периодот кога многу сектори беа целосно затворени како угостителство, туризам и транспорт и заложбите на Владата, која еден период беше и техничка, преку воведување на соодветни политики и мерки да обезбеди полесно пребродување на тешкиот период.

Министерката зборуваше и за затворањето на детските градинки и училиштата како дел од владината политика со цел заштита на населението од ширење на пандемијата, но и за флексибилноста на вршењето на работните задачи на вработените со работа од дома, како нов концепт кој пандемијата го наметна и како искуство кое ќе биде вградено и во новиот Закон за работни односи.

„Владата креираше четири пакети мерки, за што полесно надминување на кризата, како поддршка во исплатата на платите во компаниите и олеснет пристап до бескаматни кредити, се со цел зачувување на работните места, како и финансиска поддршка на оние кои овој период сепак останале без работа,” рече министерата Шахпаска. Таа се осврна и на олеснетиот пристап на граѓаните до социјалните права односно во системот на социјална заштита и ја потенцираше успешноста на социјалната реформа која ги адресира потребите на најранливите категории на граѓани.

„Овој период имаше и висока реализација на активните програми и мерки за вработување кои што Министерството за труд и социјална политика ги спроведува со Агенцијата за вработување” , истакна Шахпаска. Таа посочи дека, новиот Оперативен план за 2021 година е креиран со дополнителни две мерки поддршка за самовработување и формализација на постојни бизниси во услови на КОВИД 19 и вработување и раст на правни субјекти кои создаваат нови работни места.

Таа истакна дека и во услови на криза не се дозволи пад на минималната плата, туку напротив нејзин раст на 15000 денари, како и раст на просечната плата. Притоа ја потенцираше невработеноста, која споредено со третиот квартал од 2019 година и истиот квартал 2020 година се забележува намалување од 0,6%.

Министерката зборуваше и за тоа дека изминатиот период со особено внимание се следеа и предизвиците со кои се соочуваа работодавачите, но и почитувањето на работничките права.

„Да научиме од негативните, но дел и од позитивните искуства кои ни ги наметна пандемијата,” порача министерката Шахпаска на крајот од нејзиното обраќање.


Видете следно

Не е на нас политичарите да пресудуваме или да кажуваме за кој било случај и судска одлука дали е некој виновен или невин, вели Маричиќ

Говорот на омраза е кривично дело и ние секогаш како Влада сме застапувале спуштање на …