Министерот Едмонд Адеми се обрати на 40. генерална конференција на УНЕСКО


Министерот во Владата на Република Северна Македонија задолжен за дијаспора и претседател на Националната комисија за УНЕСКО, Едмонд Адеми, денеска во рамките на 40. Генерална конференција на УНЕСКО, имаше обраќање на генералната дебата, во кое ги реафирмираше позициите на нашата држава во однос на членството во оваа организација, како и имплементацијата на зацртаните цели и обврски кои произлегуваат од тоа. Во својот говор, министерот Адеми уште еднаш ја потврди посветеноста на нашата земја кон вредностите и одлучувачката универзална улога на УНЕСКО во културата, образованието, науката и комуникациите. „Ја зајакнуваме нашата вклученост, во многу од овие области, како алатка за постигнување мир и одржлив развој“, истакна тој.

Осврнувајќи се на приоритетите на државата на надворешно-политички план, Адеми нагласи дека Северна Македонија се враќа на меѓународната сцена, со зајакнато учество и активности во меѓународните тела, вклучувајќи го и УНЕСКО. Од 2017 година, додаде тој, земјата се стреми да има активна улога во севкупните процеси во Огранизацијата, како дел од нашата насоченост кон функционална мултилатерална соработка. „Луѓето треба да престанат да ги гледаат Обединетите нации, како чудна апстракција на Пикасо, туку како уметничко дело кое самите го создале“, нагласи министерот, цитирајќи го вториот генерален секретар на ОН, Даг Хамарскјолд.


Видете следно

Мицкоски: Нудиме 1.000 решенија за 1.000 проблеми, а јас би сакал и 10.000 да понудиме

Ние нудиме 1.000 решенија за 1.000 проблеми, а јас би сакал и 10.000 да понудиме. …