Министерот Филипче: Бесплатната вакцинација против сезонски грип почнува од утре


Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и директорот на Здравствен дом-Скопје, Виктор Исјановски, денеска информираа дека бесплатната вакцинација против сезонски грип почнува од утре (петок, 22.11.2019 година).

За оваа сезона се набавени вкупно 28 илјади вакцини, кои се бесплатни и наменети за лица над 65 години, лица со хронични заболувања, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, бремени жени, како и здравствени работници.

Центрите за јавно здравје набавија 21.000 комерцијална вакцина, кои веќе се достапни за граѓаните од понеделникот.

Ја подобруваме достапноста на бесплатните вакцини против сезонски грип и од оваа година, покрај 10-те Центри за јавно здравје, во вакцинацијата ги вклучивме и трите поликлиники: Букурешт, Чаир и Ѓорче Петров при Здравствениот дом во Скопје.

Во Центрите за јавно здравје, вакцинацијата ќе се одвива во две смени, додека пак, бесплатната вакцинација во трите поликлиники ќе се одвива во периодот од 14:00 до 18:00 часот.

Станува збор за вакцини од реномирани странски производители, меѓу кои 27 илјади вакцини се од „Mylon Abot“, а илјада вакцини од „Sanofi“.

Како и во изминативе сезони, пикот на активноста на вирусот на сезонски грип се очекува во месец февруари, а вакцинацијата во овој период, ноември и декември ќе обезбеди најголема заштита во периодот кога се очекува активноста на вирусот да биде највисока.

 


Видете следно

На денешен ден беше застрелан, а остана еден од најголемите музички икони на дваесетиот век

Џон Винстон Ленон е роден на 9 октомври 1940 е познат како пејач, композитор и …